Драма на теренот: Му го спаси живот на противнички играч (ВИДЕО)


Грузискиот фудбалер од редовите на Дњипро Џаба Канкава е јунак на денот во Украина кој со својата брза реакција спаси живот на противнички фудбалер.

80D421E3163D464B8FB8ED6B17108AA6Имено, капитенот на Динамо Киев Олег Гусев во дербито на колото во Украина настрада при еден судир со голманот на Дњипро.

Канкава беше во близина и веднаш се фрли врз противничкиот играч ставајќи му ја раката во уста за да го фати јазикот и да спречи гушење.

Набрзо потоа Гусев се освестил и бил пренесен во болница.

Лекарите по мечот рекле дека брзата интервенција на Канкава му го спасила животот на Гусев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1