Македонското знаме се вее на 25 врвови во Европа и Азија поради едно 19 годишно Македонче


Тоше Велев во Велес со своите 19 години освоил 25 врвови во Европа и Азија. Тоше е наизглед тих, но горделив што на Елбрус, Мон Блан, Гран Парадизо, Олимп, Триглав, Вихрен и многу други врвови го поставил, засекогаш да се вее, нашето македонско знаме.

tose planinar makedonija– Најтешко ми беше искачувањето на Елбрус. Не фати невреме и многу ниски температури. На 4.800 метри не ги чувствував прстите од левата нога. Не кажав на никој. Ако кажев ќе ме вратеа и немаше да го освојам врвот. Издржав и горе се качив со уште двајца други планинари. Го развеав македонското знаме. Заборавив на болката. Бев горд, навистина бев многу горд. Со прстите сега е се во ред – горделиво ни рече Велев.

Тоше од својата осма година е постојан посетител на планините. Првпат со неговиот татко Ангел го посетил планинарскиот дом Чеплес под врвот Солунска Глава. Патот од Богомила до домот го поминал пеш. Вели дека кога пред него се покажала Солунска Глава во него се родила љубовта кон височините. На 15 години за првпат се искачил на Солунска.

– Тоа чувство е неопишливо. Немам зборови како да кажам. Кога се искачив на 5.648 метри на Елбрус, во Русија, и кога го поставив нашето знаме од радост очите со солзи ми се наполнија. Заборавив на измрзнатите прсти на ногата и на напорното искачување. Чувството дека сум Македонец беше големо. А тоа, верувајте, е навистина големо чувство – ни рече Тоше Велев за Вечер.

Следниот чекор на Тоше Велев е да го освои врвот Ленин Бик, во Киргистан, висок 7.100 метри, а негова најголема желба е да го освои врвот К-2 во Пакистан, висок 8.611 метри, кој е втор по височина во светот. Предизвикот за него е што овој врв бил најсуровиот и најтежок и што досега ниту еден Македонец го нема освоено.
– К-2 е моја најголема желба. Јас сакам планини што се под снег – вели Тоше.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1