Mакедонци им отворија радио на сириските бунтовници – ечи Тоше во Сирија


Игри без граници на Тоше Проески на радиостаница во Сирија под контрола на бунтовниците. Веќе втор месец во оваа земја работи првото опозициско радио кое е отворено со помош на двајца штипјани, радио-аматерите Зоран Милев и Бранко Јорданов, пишива Алфа тв.

sirija napad,jpgВо Сирија пристигнале со помош на турска невладина организација. Половина година работеле на планот како да влезат во државата чии граници се затворени за странци.
Во миксетата раскажува Милев инсталирале мобилен телефон кој  24 часа не престанувал со звонење. Било интересно да се гледа како низ рушевините луѓето слушаат вести, поразлични од оние што  ги нуди националното радио.
Иако биле под 24 часовна заштита од страна на бунтовниците, при посета на опозициски камп двајцата штипјани станале дел од деветминутна престрелка. И покрај опасноста Милев е под импресии од убавините на Сирија што имал шанса да ја види од друг агол.
Девет ноќи додека ги обучувале техничарите и новинарите  живееле кај турски новинар кој со својата гостопримливост ги воодушевил двајцата штипјани. Милев вели дека сега повторно се вратил на стариот живот, но приказната за Сирија со сигурност е неговата животна авантура.
Повеќе на Алфа тв 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1