Македонци работеле за наркомафијата – еве колку пари испрале


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со претставници од Швајцарските органи на прогонот, денеска по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во врска со меѓународна истрага за недозволена трговија со дрога изврши претреси на три локации на подрачје на градот Гостивар, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.nakomafija obvineti

 

Имено во текот на 2014 година, МВР на РМ спроведе успешна меѓународна истрага во соработка со Швајцарската полиција, насочена против македонски државјани инволвирани во организирање на транспорти и продажба на хероин на територијата на Швајцарија. Како резултат на истрагата во текот на октомври, од слобода се лишени 44 годишниот Саити Сабедин од Куманово и 56 годишниот Алигега Кујтим од Гостивар. При операцијата беа запленети околу 25 кг. хероин и 60 илјади швајцарски франци. За време на истрагата спроведена во Швајцарија беше утврдено дека дел од паричните средства стекнати од продажбата на дрога преку брз трансфер на пари, како и преку лица курири се испраќани во Р.Македонија.

-Токму, заради пронаоѓање на докази за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, постапувајќи по барање за меѓународна правна помош, беше остварена соработка помеѓу ЈО на Швајцарија и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и врз основа на тоа беа извршени претреси кај две физички лица од Гостивар и едно правно лице, односно туристичка агенција од Гостивар. Од извршените претреси пронајдена е документација за брз трансфер на поголеми суми на пари на име на повеќе лица, испратени од Швајцарија во Р. Македонија. Дел од останатите проверки се уште се во тек, а двете лица во својство на сведоци во текот на денот ќе бидат изведени пред надлежен Јавен Обвинител.Едно од лицата кај кои е вршен претресот е брат на еден од приведените во Швајцарија, кој според сознанијата од Швајцарската полиција пред повеќе од 20 години бил фатен со 300 килограми хероин и за тоа бил осуден на казна затвор во времетраење од 18 години. По издржување на казната, истиот бил протеран и му била изречена забрана за влез во Швајцарија, велат од МВР.

Двајцата приведени во Цирих, подолг период наназад биле предмет на интерес на кантоналните и федералните органи на прогонот заради сомненијата дека станува збор за крупни играчи на швајцарскиот наркопазар кои ги снабдувале со хероин поголемите дилери во Швајцарија, но и околните земји. Сознанијата на швајцарските органи на прогонот говореле дека истите набавуваат големи пратки на хероин од Турција и по разни канали успевале илегално да го внесат во Швајцарија. Во една прилика швајцарските власти успеале да запленат и 100-тина килограми хероин, но заради непостоење доволно докази не успеале да покренат обвинение против Саити и Алигега. Во меѓувреме нивното богатство растело, а нелегално стекнатите средства ги покривале преку бизниси со градежништво и трговија со половни автомобили. Според некои проценки само домот во кој живее Саити во Цирих, чини неколку милиони швајцарски франци.

По вклучувањето на македонската полиција во истрагата и откривањето на 25те килограми хероин, односно приведувањето на двете лица, од направените проверки сомненијата на швајцарските органи на прогонот велат дека на разни начини преку вршење на кривичното дело перење пари, двајцата успеале да канализираат над 2,5 милиони швајцарски франци.

Истрагата во соработка со швајцарските органи продолжува

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1