Македонци сакале да прошверцуваат 100.000 долари


На граничниот премин Меџитлија утринава е спречен обид за нелегално изнесување на 97.300 американски долари од државата.

Девизите се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.

28112013202703_srpska carina

Возачот и патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување, а едниот од нив Ј.И. пријавил дека со себе носи околу 1.000 долари за трошоци по пат.

Поради сомневање во изјавата, царинските службеници пристапиле кон контрола на возилото и патниците при што во чантата на Ј.И. пронајдени се непријавените 100.000 американски долари.

Согласно Законот за девизно работење, 2.700 долари, односно 2.000 евра, износ кој може слободно да се изнесе од државата, му се вратени на Ј.И, а остатокот од 97.300 долари е привремено задржан.

Против Ј.И. е поведена соодветна прекршочна постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1