ФОТО+ВИДЕО: Македонките трчаа на штикли на Широк сокак


Синоќа на  Широк Сокак се  одржа  традиционалната  трка со штикли, во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014.

Првото место на трката на штикли на Широк Сокак ја освои Ана Јанкуловска од Битола. Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ја следеше тричлено жири во состав на јавни личности. Настанот беше исполнет и со богата музичка програма.

trka-stikli500Во трката на штикли на Широк сокак традиционално учествуваа девојки од цела Македонија кои се натпреваруваа во две полуфинални трки и една финална трка, а годинава на стартот застанаа и познати манакенки.

Трката на штикли во Битола се организира по примерот на повеќе европски градови, како што се трките кои се организираат на улиците “Кнез Михајлова” во Белград и “Страдун” во Дубровник.

Share Button
MK News

Автор инфо

Post Information



Comments: 0 Comments

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1