Македонци заборавиле дека имаат заштеди од 100.000 евра


Во Фондот за осигурување депозити велат дека има повеќе случаи во кои штедачи од пропаднатите банки и штедилници со години не се јавуваат да побараат обесштетување иако станува збор за доста големи суми, кои достигнуваат до 20.000 евра пишува Нова Македонија

hands-holding-money2724991187645861Штедач во Македонска банка, за која во тек е ликвидациска постапка, веќе неколку години не се јавува да побара да му се врати штеден влог од 100.000 евра, од кои 20.000 евра треба да му се исплатат од Фондот за осигурување депозити, а 80.000 евра од стечајната маса на банката. Во фондот велат дека има повеќе случаи во кои штедачи од пропаднатите банки и штедилници со години не се јавуваат да побараат обесштетување иако станува збор за доста големи суми, кои достигнуваат до 20.000 евра. Нина Настева, директорка на Фондот за осигурување депозити, вели дека е зачудена што не се јавуваат штедачите што имаат за земање солидни суми како обесштетување.

– Навистина е изненадувачки што, и покрај тоа што во земјава постојано се зборува за сиромаштија, има лица што по шест или седум години сѐ уште не се јавиле да си ги подигнат парите што им следуваат. Во наш интерес е штедачите да си ги подигнат парите – вели Настева.

Сто илјади штедачи молчат

Во фондот информираат дека од основањето до септември 2013 година, или за 16 години, имало единаесет ризични настани кај негови членки, и тоа кај четири банки и седум штедилници, кои завршиле со стечајна постапка или со ликвидација.

– За фондот тоа значеше потенцијална обврска за исплата на име обесштетување на штедачите во вкупен износ 24,7 милиони евра. Најголем дел (85,67 отсто) или околу 21 милион евра од вкупната обврска претставува пресметано обесштетување кон штедачите на Македонска банка во ликвидација. Фондот за осигурување депозити успеа од сопствени извори на средства да ги обесштети сите штедачи што се појавија на шалтерите кај банките-исплатувачи и се изјаснија за начинот на располагање со сопствените средства добиени на име обесштетување – велат во фондот.

Оттаму додаваат дека во изминатиов период, од вкупно 121.949 штедачи на сите членки на фондот каде што е настанат ризичен настан, обесштетени се 20.869 штедачи во вредност од околу 22,7 милиони евра.

Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1