9 работи кои шефот не смее да ги бара од вработените


Каде е таа граница кога шефот смее нешто да побара од вас, а кога не смее? Иако шефовите по правило можат да очекуваат од вас да одработите некои работи кои не ви се по воља, колку и да се однесуваат на работата, постојат и работи кои ниту еден шеф од вас не смее да ги бара, пишува moj-posao.net.

work boss21) Да се бара од вработените да одат на друштвени настани

Независно од тоа каде сте, ако сте опкружени со луѓе со кои работите, чувството е како да сте на работа. Се што се случува на такви неформални дружби, по правило не останува таму туку може да се одрази на однесувањето на работата.

На страна срамното однесување, некои луѓе едноставно не сакаат дружби надвор од работното време. И тоа е нивни избор… освен ако шефот не прави нешто со што на нив прави притисок да мора да учествуваат во такви дружби. Тогаш тоа, што почнало како добра намера, станува се, само не добро.

Убаво е да се учествува во неформални деловни дружби со колегите, но не треба да се инсистира сите вработени да бидат на број, посебно ако повеќето вработени се изјасниле дека ќе присуствуваат. Поради тоа, следниот пат кога ќе почувствувате дека шефот на вас врши каков било вид на притисок да учествувате во дружби кои не ви одговараат, обидете се љубезно да му објасните дека ги цените неговите добри намери, но дека вашето отсуство од дружбата не значи дека не сте во добри односи со колегите.

2) Да се бара од вработените да даваат пари во хуманитарни цели

Заедничката донација е одлична идеја, под услов вработените да учествуваат доброволно и секој да придонесе колку што може. Шефот никогаш не треба да инсистира вработените да го донираат своето време и пари. Исто така, шефот никогаш не смее да се однесува дека тоа како вие располагате со своите пари е работа на компанијата.

work3) Да се бара од вработен да направи нешто што веќе друг го добил како задача

Марко добил задача и веројатно нема да ја заврши на време. Шефот е свесен за тоа, но сака тоа итно да се реши. Затоа бара од вас да го довршите почнатото. И вие тоа ќе го направите бидејќи знаете дека вашиот шеф може да смета на вас, но вашата одушевеност сигурно ќе ја уништи помислата дека вашиот колега се провлекува, благодарение на вас.

Ако ваквата ситуација се повтори неколку пати, отворено поразговарајте со својот шеф; понудете му можно решение за идните ситуации или обидете се заеднички да дојдете до решение. Колку и да се изнервирате, не зборете лошо за колега кој помалку забошотува, шефот за тоа и самиот е свесен, а на себе непотребно фрлате лошо светло озборувајќи го другиот.

4) Да се бара од вработените да ја плаќаат храната на состанокот

Некои работи полесно се решаваат или се договараат на ручек. Меѓутоа, ако идејата доаѓа од шефот, тогаш тоа би било во ред шефот или компанијата да го платат ручекот.
Исто така, ако шефот сака да организира состанок или дружење по работното време, треба да се погрижи за храната, бидејќи вработените сигурно ќе огладнат.

5) Да се бара од вработените да го евалуираат сопствениот труд

Работниците кои својата работа добро ја извршуваат, тие се свесни за тоа. Ако работникот својата работа ја извршува добро, неговиот шеф сигурно тоа ќе го знае. Од друга страна, вработен кој не ја врши добро својата задача, тешко дека такво нешто некогаш ќе признае. Самопроценката можеби звучи како нешто добро, но по правило е губење на време. Ако шефот бара повратна информација, би било подобро работникот да го праша во кои подрачја сака понатаму да се развива.

work boss6) Да се бара од вработените да ја оценуваат работата на своите колеги

Каде е забавата во тоа? Кој би сакал да ги критикува луѓето со кои мора да работи? Колку и да се тие информации доверливи, а анонимноста загарантирана, луѓето секогаш брзо сфаќаат кој што мисли за нив. Шефовите таквите информации треба да ги задржат само за себе. Во спротивно, не треба да се бара од вработените да ги оценуваат своите колеги. Добриот шеф и така доволно добро ги познава сите вработени.

7) Да се бара од вработените да откриваат приватни информации во име на team building

Неверојатно е колку пати зближувањето на колегите со шефовите подразбира откривање на приватни информации за себе. Кога вработениот ќе се побуни и вели: Но, тоа е приватно. Шефот или директорот за управување со човечки ресурси обично вели: Но, во тоа е и поентата!

Познавањето на туѓа приватност не ја олеснува работата со тоа лице. Освен тоа, понекогаш едноставно не е добро да се знае премногу за луѓето.

8) Да се бара од вработените (шефот) да го предупредуваат на неговото непримерно однесување

Шефот кој од време на време знае да поведе монолог на состанок или да ги изгуби нервите, не смее да бара од вработените да го предупредуваат на тоа. Освен што тие предупредувања со време ќе почнат да го иритираат, вработениот тоа никако не го става во добра позиција.

9) Да се бара од вработените да прават нешто што самиот тој никогаш не го прави

Тоа не значи дека на работа имате право да одбиете да направите нешто што шефот не сака да го направи, туку она што шефот воопшто не го прави.
На пример, вработените ќе бидат волни нешто да направат ако им е тоа важно, се додека знаат дека и на нивниот шеф му е важно. Меѓутоа, ако шефот упорно и еднострано бара од вработените, а тој самиот пружа целосно спротивен пример, логично е да се прашате која е целта да се прави нешто во што мора да учествуваат сите, освен еден.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1