Македонци загинаа во стравотна сообраќајна несреќа во Хрватска


Утрово околу 7 часот тешка несреќа се случила на автопатот на излезот од хрватскиот град Иваниќ.Во несреќата биле вклучени камион и патнички автомобил марка Мерцедес.

soobrakjajka333

Двајца Македонци загинале утрово околу 7:00 часот на автопатот А3, во близина на Иваниќ Град кон Загреб, соопштија хрватските медиуми.

Тие биле во автомобил мерцедес со бугарски регистарски таблички што удрил во камион со турски ознаки.

Уште не се познати околностите за незгодата, освен дека мерцедесот се забил под приколката на камионот.

Во автомобилот имало пет патници, кои се враќале од годишен одмор на работа во Италија, а од нив двајца загинале на лице место.

soobrakjaka33333

Според информациите на хрватските медиуми засега е познато дека девет пријатели со два автомобила се враќале од Македонија. Автомобилите оделе еден позади друг, а крајната дестинација им била Италија.

Цело време возеле еден зад друг, а потоа возачот на првиот автомобил во ретровизорот ја видел ужасната сцена – мерцедесот со петте негови пријатели удрил во камионот што стоел покрај патот, чиј возач застанал да ја смени пукнатата гума.

Совозачот (38) и патник на задното седиште (26) починале на лице место, а возачот и остатанатие двајца патници на задното седиште со со тешки повреди, но животот не им е во опасност. Повредените се пренесени во болницата во Дубрава.

Бриф.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1