„Македонците НЕ се Грци!!!“- порака на најдобрата швајцарска ракометарка со македонско потекло


azra

Швајцарска ракометарка со македонско потекло Азра Мустафоска (26), прогласена е за најкорисен играч во женската лига на оваа земја во минатата сезона, објави Дерби.мк.

Дека не го заборава потеклото од Македонија, Мустафоска покажува и на нејзиниот профил на вебстраницата на Брил, каде што во рубриката „отсекогаш сум сакала да кажам” стои:

„Македонците НЕ се Грци!!!”.Покрај признанието за МВП, средниот бек на Брил од Сент Гален на свеченоста во Баден ја доби и наградата за најдобар стрелец во првенството со 160 гола. Родена е во Тун и за швајцарската репрезентација има настапено на 43 натпревари и постигнато 107 гола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1