Швајцарскиот амбасадор уапсен пијан по потера низ Париз


Швајцарскиот амбасадор при ОЕЦД во Париз е уапсен во пијана алкохолизирана состојба во ноќта кон понеделникот по полициска потера низ француската престолнина, изјави во вторникот полициски извор за AFP.

parizПрипадници на сообраќајната полиција ја проверувале брзината на автомобилите во центарот на Париз кога се појавил „мерцедес” со дипломатски таблички кој возел со огромна брзина. Полицајците се обиделе да го запрат возилото, но возачот одбил да застане

Кога го стигнале неколку блока подалеку, полицаец морал да му пука во гумата. Дури и со дупната гума, на бандаж, дипломатот продолжил со бркотницата, па бил уапсен неколку минути подоцна. Се повикал на дипломатскиот имунитет, но со себе не ги носел документ. Бил ставен на алко-тест кој покажал значително количество на алкохолизираност.

При проверка идентитетот во полициска станица, бил пуштен на слобода, а ретставништвото на Швајцарија во ОЕЦД одби да го коментира случајот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1