13 годишниот македонски Брус Ли од Прилеп


Звонко има само 13 години, но за четири години посветеност на каратето, освоил преку 100 медали.

Семејството Николоски од Прилеп својот дом постојано го украсува со нови медали, дипломи, признанија, пехари. Сите му припаѓаат на постариот син Звонко, кој тренира карате. Тој има 13 години и учи во основното училиште „Кочо Рацин“, а само за четири години посветеност на овој спорт веќе освоил преку 100 медали на многубројни државни, балкански и светски натпревари.

Четиринаесет медали добил на државни натпреварувања, четири пати бил прв во кати поединечно, во ката тим има освоено прво место исто така четири пати, лани бил втор во борби, а оваа година се пласирал на трето место. Според бодови, оваа и минатата година гордо ја носи титулата спортист на годината во категоријата млади родени во 2000 година.
brus li od prilep„Уште кога бев многу мал се восхитив од филмовите со Брус Ли, каде што тој многу брзо успеваше да се справи со сите што му нанесуваа зло. Јас тренирам карате, секако, поради мојот спортски дух, ја чувствувам потребата во мене и затоа неколку часа во денот ги поминувам во вежбање“, вели Звонко, за утрински весник.

Тој е и одличен ученик, со сите  петки, освен физичко сака и историја. Ја сака и музиката. Родителите се пресреќни што имаат вакви талентирани деца. Велат дека го следат секој нивен чекор, ги бодрат, ги придружуваат на натпреварите секаде каде што имаат можност за тоа.

„Но, недостигаат финансии. Сепак, за да се одржи и постојано да се подобрува кондицијата на Звонко треба да се консумира квалитетна, витаминска храна, а за тоа се потребни пари. За секое учество надвор од Македонија се потребни пари, а ние не сме толку финансиски моќни. Би било се’ подобро кога син ми би имал свој спонзор“, коментира таткото на Звонко.

Целата приказна на  – utrinski.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1