Македонците неработно празнуваат 16 денови во годината


Според националните календари и законски уредените денови за празнување, Македонија е меѓу земјите во Европа со најмногу празници во годината, заедно со Кипар и Словачка.

time-to-work-clock-thumb10229141Со Законот за празници во Македонија како неработни денови за сите граѓани се прогласени 11 државни празници. Во оваа група влегуваат Нова Година, Божик, 1 Мај – Денот на трудот, вториот ден на Велигден, 24 Мај посветен на Св. Кирил и Методиј, 2 Август – Денот на Републиката, првиот ден на Рамазан Бајрам, 8 Септември- Денот на независноста, Денот на народното востание 11 Октомври, 23 Октомври Денот на револуционерната борба и 8 декември Св. Климент Охридски.

Покрај државните се празнуваат и верски празници. Така за верниците од православна вероисповед уште пет дена се неработни – Бадник, Водици, Велики Петок, Духовден и Голема Богородица. Верниците од католичка вероисповед празнуваат уште три дена – католички Божик и Велигден и Празникот на сите светци. Припадниците на муслиманска вероисповед, пак, го одбележуваат и Курбан Бајрам.

Согласно законот и секоја етничка заедница има свој празник, па листата на празници се зголемува за уште по еден ден за припадниците на албанската, српската, турската, ромската, влашката, еврејската и за бошњачката заедница.

Словенија рекордер во регионот

no workВо регионот рекордер е Словенија со 15 дена државни празници, еден ден помалку има Хрватска, 13 има Бугарија, а Грција 12 дена. Во Федерацијата Босна и Херцеговина иако нема закон за празници како државни празници, односно за задоволување на верските и традиционалните потреби се одбележуваат 10 дена. Во Република Српска, пак, за неработни прогласени се 11 дена.

Србија е на дното на листата со само осум неработни празнични дена годишно како државни празници, но за неработни денови во оваа земја се прогласени и неколку верски празници, па вкупната бројка неработни денови изнесува 13. Така за православните верници и за католиците неработни се и Божик прв ден, како и четири дена Велигден, соодветно согласно нивниот календар. Покрај ова, христијаните имаат право на неработен ден за семејната слава, припадниците на исламската заедница го празнуваат првиот ден од Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам, а евреите Јом Кипур.

И европејците од останатите делови на континентот сакаат да празнуваат

Во другите земји од Европа водат Кипар и Словачка со 15 денови прогласени за државни празници, следуваат Шпанија и Малта со 14 дена, Австрија и Португалија имаат 13 неработни денови за време на државните празници, Шведска 11 дена колку што имаат и Французите и Полјаците. Финците и Италијаните имаат 10 неработни денови поради државни празници колку што имаат и државјаните на Луксембург. Германија има девет, а на дното на листата се Велика Британија и Холандија со осум неработни дена како државни празници.

Како се празнува во светот

Во светот пак, Колумбија е на врвот на листата со 18 дена прогласени за државни празници, а најмалку има Мексико, само седум дена.

Во САД, една од најразвиените земји во светот не е предвидена законска можност за платен годишен одмор и празници, но тие прашања се регулирани различно согласно посебните политики на институциите и компаниите, односно со колективните договори на синдикатите.Во Канада за неработни се прогласени девет дена.

Работниците во Јапонија, пак, која исто така влегува во групата на најразвиени земји во светот празнува 15 дена. Најмногу неработни денови во азиско-пацифичкиот регион имаат Индија, Тајланд и Малезија-вкупно 16. Во Австралија, пак, девет дена се празнуваат како национални празници.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1