Битолскиот бенд “Дед шот” со својот енергичен и самоуверен настап предизвика еуфорија, а скопјаните “Ден рајс” со преубавиот вокал на 17 годишната пејачка се изборија да влезат во финале. Ова е резултатот од синоќешните настапи на двата македонски бенда на фестивалот Јелен Демофест 2012.
По петти пат во преубавиот град Бања Лука во Република Српска, на тврдината Кастел, се одржува најспокојниот и најпозитивен фестивал во регионов, Демофест.
Три дена (од 26 до 28 јули) добар рок звук, насмеани лица и опуштени млади, беспрекрона организација, и никаков стрес, борба за престиж и местенки меѓу продукциски куќи и медиумски екипи.
Се е така фино и спокојно, препуштено на музика и дружба.
Во двете полуфинални вечери се борат 31 бенд, а двата македонски бендови настапија во првата вечер.
“Дед шот” свиреа втори, и навистина предизвика голема еуфорија кај публиката.
за “Ден Рајс” интересно е што сите во групата имаат по 17 години, и пејачката Михаела Василевска, ученичка во “Орце Николов”,а само тапанарот им е полнолетен, со 18 години, и кога водителката Ида Престер шеговито ги праша како како ги пуштиле од дома, тие искоментираа тапанарот им е родител.
И двата бенда пред микрофонот на Ида зборуваа македонски.
Иако е традиција на Демофест да врне и сите да се под кабаници, овој пат за среќа времето послужи.
Победници во првата натпреварувачка вечер се бендот “Деде Путра” , а за пејачката на скопски бенд “Ден Рајс” искоментираа дека нејзиниот чист, топол и моќен вокал далеку ги надминува нејзините години.
На овој фестивал има богата придружна програма, изложби, проекција на филмови, дружење преку цртање на стрипови, прес конференции, а ревијално на сцена свое место имаат докажаните – британскиот диџеј Тери Ферли, „Психомодо Поп“, „Мајке“, „Земља грува“, „Сопот“, „Плишани Малишан“, „ Дарквуд даб“со својата гостинка Бисера Велетанлиќ, и други.
Награда за победникот ќе биде снимање албум, за второпласираните и третопланираните добиваат бинска опрема и инструменти. а ќе има и уште неколку други награди.
Од 26 до 28 јуни тврдината Кастел ечи во ритамот на Јелен Демофест 2012.
Стручно жири е составено од Васил Хаџиманов, Бане Антовиќ, Младен Матовиќ и Бранкица Јанковиќ. и Влатко Стефановски, кого медиумите го нарекуваат регионална легенда.