Македонците во дијаспората за поддршка на културните здруженија во Грција


Претставници на македонската дијаспора во Канада, на состаноците одржани во Торонто, договорија поддршка за зачувување на македонскиот јазик во Грција, преку помош на локалните медиуми, културни здруженија и печатење книги. Програмите се координирани од Евгенија Нацилиду, претставник на Обединетата македонска дијаспора за регионот на северна Грција.

OMD-dijaspora– Долготрајната цел е отворање Македонски културен центар во Воден и обновување на изучувањето на македонскиот јазик кое претходно беше запрено под притисок на грчките власти. Средствата ќе и помогнат на Нацилиду и во нејзината тужба за клевета против еден од најголемите весници во Грција „Прото Тема“, весник поврзан со нео-нацистичката партија Златна Зора чии текстови минатата година доведоа до смртни закани упатени до Нацилиду, вели Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора.

На собирот во црквата „Свети Димитрија“ во Торонто, наречен „Вечер за Воден 2013”, било оценето дека стотици илјади етнички Македонци се соочени со притисоци врз нивната култура и кршење на правото на слобода на вероисповед од страна на грчката држава.

– Како Канаѓани со македонско потекло, длабоко ја цениме слободата и можностите кои Канада ни ги нуди. Овој собир е наша можност и ние да помогнеме, бидејќи знаеме како нашите браќа и сестри во Грција, и на други места, секојдневно се борат да го зачуваат својот македонски идентитет, култура и јазик, изјави Џим Дајкос, директор на ОМД за Канада.

Македонците од Торонто, во црквата Свети Климент Охридски, одржаа и лидерска конференција со учество на пратеникот Павле Саздов и амбасадорот Љубен Тевдовски, на која е истакната потребата од единство за зачувување на уставното име на Македонија и македонскиот идентитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1