Македонците живеат од кредити – Под хипотека 56.000 стана


Според Агенцијата за катастар, вкупната вредност на овие станови е 1,6 милијарда евра, но нема точен податок за тоа колку хипотеки се активирани од банките

19176-banka2Вкупно 56.169 стана во државата се ставени под хипотека, а нивната вкупна вредност е 1,6 милијарда евра. Ова бројка е нешто помалку од 10 отсто од вкупниот број станови во земјава според податоците од последниот попис во 2002 година. Во најголем број случаи хипотеките ги држат банките, a помалку од 5 отсто се кај приватни лица или компании. Според бројките до кои дојде „Дневник“ од Агенцијата за катастар, најмногу станови под хипотека има во Скопје, каде што и најмногу се гради. Во главниот град се заложени 29.238 стана, следува Битола со 2.668 стана ставени по хипотека, па Kуманово, каде што кај банките под залог се ставени 2.663 стана.

Становите најчесто се заложуваат при земање кредит како гаранција, но сите се ставани под залог во различен период. Kај некои хипотеките стојат и по повеќе од една деценија, колку што е потребно да се исплати, на пример, еден станбен кредит.

stanovi-3813-1-564x272Банкарите тврдат дека од почетокот на кризата одзеле повеќе имот споредено со претходниот период, но дека бројот не е драматично зголемен.

Листата што ексклузивно ја има „Дневник“ покажува оти во речиси секој град има станови под хипотека. Најмалку се заложени во Демир Хисар, 39 стана, во Kратово под хипотека се 85 стана, а во Македонски Брод 77 стана. Освен во Скопје, Битола и во Kуманово, градови со најмногу станови под хипотека, по неколку илјадници станбени единици се под залог и во Струмица – 2.248 стана, Kавадарци – 2.148 стана, Прилеп – 1.696 стана, Гевгелија – 1.749, а во Охрид 1.503 стана. Сепак вкупниот број заложени станови варира по градови во зависност од вредноста на станбениот квадрат и од големината на становите.

Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1