Заменик министерот за животна средина, како раководител на интер-ресорката група за справување со загадувањето Јани Макрадули, го објасни двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Макрадули кажа дека станува збор за план во рамки на кој ќе бидат преземени низа активности, а ос овој план очекува загадувањето да се намали за 50 проценти.
Тој наведе дека досега се обезбедени 98 милиони денари од буџетот, но дека очекуваат средства од домашни донатори за да се спроведе планот – како на пример од Шведска, Јапонија и САД. Макрадули не беше конкретен за колкави средства станува збор.
„Не сакам да лицитирам”, рече Макрадули, но спомена дека шведската агенција СИДА треба да издвои 2,5 милиони евра со кои се очекува да се поправат мерните станици кои не функциониираат и да се обноват останатите.