Мицкопски: Нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија


Денеска дојде време полошо од времето на комунистичка Југославија. Ако го спомнеш името Македонија ќе те прогласат за антиевропеец, ќе те прогласат за неконструктивец, ќе те прогласат дека си изоционалиста. А, не бре браќа и сестри, ни сме горди Македонци кои што имаат право, имаат право да се самоименуваат како Македонци, а државата за која што се бореле нивните предци да си ја наречат Република Македонија.

И никој тоа право не може да ни го земе. И никој не може тоа да ни го оспори. Ниту во Османлиско не било така, како што е денеска. Веднаш сега ќе се јават оние армадили платени со вашите жортници за да ме критикуваат, еве го овој повторно го опструираат процесот. Да ќе го опструирам и ќе се борам се додека можам затоа што ме боли и ме пече, затоа што тоа ми е дедовина, тоа ми е татковина и нема никогаш да престанам да се борам додека дишам за моите права и за мојата Македонија. И не се срамам.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот протестен марш во Кочани.

-И не се срамам затоа што сум Македонец. Затоа што моите два сина се Македонци. И затоа што моите неродени внуци ќе бидат Македонци. И тоа треба на целиот свет да му е јасно. Па макар и било крај на мојата политичка кариера. Нека бидеме сите горди Македонци. Ако е тоа ерес заедно подобро да не нема, еден за сите, сите за еден Македонци мои. Ако кренете глава што ќе видите? Црнила и темнина. Црнила и темнина, горди мои Македонци. Како Чашуле што велеше – „Како само за нас, Македонците, да се создадени сите црнила на овој век“. Тоа го кажа и Рацин во неговите зборови, во неговите стихови. Но она што беа стихови, она што беше наша историја денеска оваа ненародна и криминална Влада на СДСМ предводена од аболираниот политичар ни го претворија во реалност. Реалност во која што ние живееме, и ако се бориме, ако маршираме по улиците, ако протестираме не апсат.

Ако пишуваме на социјалните мрежи ни влетуваат во домовите во претрес, не бламираат пред нашите родени деца. Но тоа нема да им го заборавиме. И јас ви ветувам ќе дојде денот, ќе дојде денот кога за сето тоа ќе срамат и ќе одговараат пред судот на народот. Минатиот пат, минатата среда ја користеа Владата за да снимаат. Шпиунски, само онака како они што знаат. Ги малтретираат чесните наши браќа и сестри, и синови од МВР. Наредува Заев, извршува Спасовски. Против народот, против народот никој не успеал да победи.

Тоа сакам само да ви го порачам. Снимајте, апсете, претресувајте но и последниот од нас да остане ова нема да ви го заборави ви ветувам. Се ќе ви вратиме до едно. Ме прашуваат студентите – „Професоре надвор од инженерството зошто црнила“? Па зарем има ли нешто белило што и се случува на Македонија и на граѓаните во Република Македонија? Саде темнина е околу нас, и црнила. Е, затоа црнила викам драги мои студенти. Затоа што само црнила нас ни се случуваат, потенцираше Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1