Откако Елисејската палата потврди дека претседателот Емануел Макрон е позитивен на тестот на Ковид-19, скоро целиот државен врв на Франција, премиерот Жан Кастекс, сопругата на претседателот Брижит Макрон, претседателот на Националното собрание Ришард Феран се потенцијалните „случаи на контакт“ и ќе мора да се изолираат,.
Шефот на француската држава во вторникот ручаше со претседателот на Собранието и шефовите на парламентарните групи во Палатата Бурбон. Министрите присутни на Советот на средата не се ставени во изолација. Сопругата на претседателот наскоро ќе биде тестирана, јавија француските медиуми.
Само неколку минути по објавата од Елисејската палата, во која се посочува дека Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус, премиерот Жан Кастекс објави дека тој исто така е „во изолација“. Двајцата вечераа заедно во вторникот вечерта.
Брижит Макрон која се смета како случај за контакт, „не покажува никакви симптоми“, според нејзиниот кабинет. Таа ќе се тестира наскоро како превентивна мерка, им укажаа на Фигаро од нејзиното опкружување. Сопругата на шефот на државата веќе имаше тревога во октомври, но имаше негативен тест.
Иако Шефот на државата треба да ги почитува гестовите со бариери во сите околности, сите луѓе со кои тој физички разговарал последните денови сега се сметаат за потенцијални „случаи на контакт“.
Ова е особено случајот на Ришард Феран, претседателот на Националното собрание, кој беше ставен во самица во четвртокот. Со деветте претседатели на парламентарни групи на Палата Бурбон, тој беше примен на ручек во Елисејската палата во вторникот напладне. Меѓу нив беа Кристоф Кастанер (ЛРЕМ), Патрик Мињола (МоДем), Оливие Бехт (Ажир), Дамиен Абад (ЛР), Валери Рабол (ПС), Жан-Лук Меленшон (ЛФИ), Жан-Кристоф Лагард (УДИ), Андре Шасини (КПФ) и Бертранд Панчер (Слободи и територии).
Според телевизијата ЦЊуз, сите членови на Владата кои учествуваа на Советот на министри и Советот за одбрана во средата добија порака од Елисеј во која се вели дека тие „не се“ случаи за контакт „затоа што беа применети мерките растојание и маски.