Нема да се затворат нашите граници за празниците, ќе има инспекции


Македонија нема да го ограничува влезот на странци на граничните премини за време на претстојните празници. Србија од недела ќе бара негативен ПЦР тест за македонските државјани не постар од 48 часа, но надлежните во земјата не планираат да вратат со реципрочни мерки. Министерот Филипче вели дека проблемот кај нас не се отворените граници туку локалното ширење на заразата.

Засега не. Сметаме дека тоа е нешто што не е таков ризик. Еве и сегашната ситуација е доказ дека отворените граници не се ризик за влошување на епидемиолошката ситуација, главниот ризик е локалната трансмисија и затоа мерките се така димензионирани, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

За новите рестриктивни мерки кои стапуваат на сила во петок Филипче покрај најавите дека ќе има и засилени инспекциски и полициски контроли, остава на свесноста на граѓаните како ќе се однесуваат за време на празничниот период. Има забрана за изнајмување на викендици за прослави освен за членови на исто семејство, но колку ова ќе биде веродостојно поради загарантираниот интергитет на домот.

-„Луѓето не треба да се групираат и мора да останат во рамките на своето семејство, да не се мешаат повеќе семејства. Дали ќе бидат тука во градот или во викендица. Гледавме на социјалните мрежи дека повеќе млади луѓе сакаат да заминат од градовите, а тоа значи ризик од појава на кластери, и оттука потекнува иницијативата тоа да се забрани. Луѓето нека се стрпат од излегување, и сега да не се излегува без потреба. За време на претстојните верски празници, слави и новогодишната ноќ да останат во рамките на своето семејство, затоа што видовме дека мини-кластери потекнуваат од групирања, изјави Филипче.

Новите рестриктивни мерки кои ќе важат од 18 декември до 20 јануари најмногу ги засегаат угостителските објекти кои ќе бидат отворени до 18 часот. Се забранува организирање на новогодишни прослави и верски празници, нема групирање по плоштади но и во затворен простор а рестораните во хотелите ќе работат до 21 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1