Макрон: Предрасудите за мојот брак ги шират луѓето што ги мразат жените


Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон оцени дека предрасудите за неговата 24 години постара сопруга се засноваат на „омраза кон жените“.

– Многумина тврдат дека нашата врска не е одржлива и оти не е возможна. Тоа се тврдења на женомрасци и приврзаници на традиционални, хомогени ставови за опшеството, истакна Макрон.makron

Тој додаде дека луѓето кои шират такви гласини или веруваат во нив „изгубиле чувство за реалност“ или имаат „поприличен проблем со хомосексуалноста.

Тој во интервју за „Паризјен“ пред изборната победа изрази уверување дека на никого не би му паднало на памет да ја осудува неговата љубовна врска ако неговата сопруга беше 20 години помлада од него.

Макрон (39) сегашната сопруга Брижит Троње (64) ја запознал како 15-годишен ученик, кога таа му била наставничка по драма. Родителите на Макрон биле шокирани кога разбрале дека нивниот син тинејџер е во љубова врска со омажена наставничка.

Тие се венчаа во 2007 година, кога Макрон имаше 30, а Троње 54 години.

Француските медиуми, новата прва дама, мајка на три деца и баба на седум внуци, ја опишуваат како сеприсутна во животот на Макрон. И таа изјави дека повеќе од 20 години „со него е подготвена на се“.

Интересно е што разликата во години меѓу Макрон и неговата сопруга е иста како старосната граница меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, само во обратна смисла.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1