Таксист херој: Спречил киднапирање на 17-годишно девојче во Делчево


Таксист од Делчево спречил киднапирање на 17-годишна девојка.

Инцидентот се случил на 17 април околу 23.00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Делчево.img_taxi1

Дваесет и седумгодишниот У.М. од Виница пресретнал 17-годишно девојче од Делчево, која била со нејзината баба, и со употреба на сила ја ставил во такси возило. Девојката се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајки и телесна повреда.

Вознемирен од настанот, такси-возачот пратил порака на сопственикот на такси-компанијата, во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.

Денеска, полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против виничанецот за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1