Мала грешка и Охридското езеро ќе го дигнат во воздух – бомби има на местото каде ќе се гради марина


Според најавите на локалната самоуправа марината ќе се гради кај градското пристаништа во строгиот центар на градот.
ohridНо, стручните лица предупредуваат на опасностите кои се кријат под плиткото езерско дно во центарот Охрид, посочувајќи дека на овој простор се уште имаголеми количини експлозивни средства кои пред речиси еден век тука ги оставиле армиите кои војувале во балканските и Првата светска војна.
– Секако дека при реализацијата на овој проект ќе бидат вклучени и служби за отстранување на тие експлозивни средства и секако дека се ќе биде објект на една стручна односно експертска анализа. – изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
На овој простор во изминатите неколку години  беа спроведени неколку акции за чистење на неексплодирани убојни средства, но од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека истиот не е во целост расчистен. Додаваат дека засега не е предвидена повторна акција за проверка и чистење, а доколку дојде до реализација на идејата за изградба на марина  во координација со надлежните институции ќе го прегледаат теренот.
Телма
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1