Откриени остатоци во Јужнокинеското Море – можеби се од малезискиот авион


Виетнамски авион лоцираше денеска во морето објект, за кој се верува дека е дел од малезискиот авион, кој исчезна за време на летот од Куала Лумпур до Пекинг со 239 лица на него, соопштија офијцијални претставници на Цивилното воздухопловство на Виетнам.

Malaysia-Airline-crash-3219372.pngТие дополнуваат дека е премногу мрачно за со сигурност да се тврди дека во прашање е дел од авионот, но дека во раните утрински часови ќе бидат ангажирани дополнителни летала за да се пребара дел од водите кај јужниот брег на Виетнам.

Претходно, Вол стрит џурнал“ пренесе дека се верува дека се во прашање делови од вратата и опашката на авионот.

Авионот „Боинг 777-200ЕР“ на компанијата „Малезија ерлајнз“ вчера исчезна од радарот со 239 патници и членови на екипажот за време на летот од Куала Лумпур кон Пекинг. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1