Малезискиот авион најверојатно слетал на непознато место? солуција која сериозно се разгледува


Неименуван американски функционер рече дека истражителите ја разгледуваат можноста дека човечки фактор предизвикал исчезнување на авионот и додаде дека можеби во прашање е киднапирање или дека авионот слетал на непозната локација.

malezija_645575S1Истражувачите кои трагаат за малезискиот авион, кој пред шест дена исчезна од радар, ја разгледуваат можноста дека пилотот извесно време кружел над Малезија и дека „некој кој умее да управува со авион“, го одвратил леталото од курсот, соопшти функционер на малезиската влада

Додека се разгледуваат различни сценарија за тоа што се случило со исчезнатиот авион, американски функционер вели дека клучниот доказ дека човечки фактор е замешан во исчезнувањето, е тоа што контактот со Боингот 777 бил прекинат десетина минути пред прекинот на системот за испраќање пораки во авионот. А тоа можел да го стори само добро обучен човек.

kontrolaМалезија денеска потврди дека потрагата за исчезнатиот малезиски авион е проширена на Индискиот океан, но не сакаше да ги коментира американските извештаи дека авионот летал уште неколку часа по исчезнувањето.

-Авионот се уште се води како исчезнат, а областа во која се врши потрагата се проширува. Ние заедно со меѓународните партнери одиме во правец на исток и Јужното Кинеско море, и понатаму во Индискиот океан, изјави малезискиот министер за сообраќај, Хишамудин Хусеин.

Истакнувајќи дека не може да даде нови информации за тоа што се случило со авионот, Хишамудин одби да ги коментира извештаите во американските медиуми, дека боингот летал уште четири или пет часа по исчезнувањето од цивилниот радар. Американските медиуми се повикуваат на функционери во САД.

Ова е една од најголемите мистерии во модерната авијација, бидејќи не е пронајден ниту еден траг од авионот и покрај тоа што потрагата ја спроведуваат морнарицата и воени авиони од  повеќе од десет земји.

Авионот последен пат се појавил на цивилниот радар минатата сабота, нешто пред 1.30 часот, по Малезиско време, помалку од еден час по полетувањето од Куала Лумпур.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1