Мали подароци и големи насмевки за децата од интернатот „Гоце Делчев“


Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните “ПРЕВЕНТУС” Скопје во соработка со интернатот – згрижувалиштето „Гоце Делчев” во село Љубанци, организираа хуманитарен новогодишен настан за десет дечиња – социјални случаи, под мотото „Со детска радост и во добро здравје за 2013“…

 internat-goce delcev-ljubanci

„Со задоволство и многу љубов ја направивме оваа мала хуманитарна акција, која им донесе насмевки на лицата и топлина во душата на децата. Ги покануваме сите граѓани и фирми во иднина да ги посетат дечињата и да им подарат убав ден.“ изјави Мики Трајкоски, проектен менаџер во „ПРЕВЕНТУС“.

Кловнот Пипи заедно со новогодишниот Мики Маус од Дизниленд им ги исполнија новогодишните желби на дечињата.

Преку забавата на дечињата им се поделија подароци, пакетчиња,  но добија и топла облека-тренерки, како и друштвени игри од соработниците на здружението со што до крајот на неделата ќе добијат седмосет за нивната дневна соба.

Интернатот датира од 1945 година во кој престојуваат само 10 дечиња социјални случаи. Условите во кој живеат овие деца се на ниско ниво, но вработените се обидуваат да им го направат денот исполнет и да ги научат на здрави навики во животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1