Малиот Алвин, по пет години во ИСИС , се врати дома (ВИДЕО)


Момче од Албанија , кого мајка му пред пет години го однела во Сирија , каде таа се придружила кон џихадистите од ИД , вчера се врати кај татко му и сестрите во Италија , јавуваат светските медиуми.

Африм Бериша го барал синот Алвин од 2014 , кога неговата сопруга избегала со него од дома и се придружила кон исламистите во Сирија.

11-годишниот Алвин беше пронајден претходно оваа година во кампот за бегалци Ал-Хол, кој се наоѓа во северо-источна Сирија, под курдска контрола. По падот на самопрогласениот калифат, членовите на семејствата на џихадистите на ИД беа донесени во кампот, вклучувајќи го и малиот Алвин. Мајката на момчето починала пред неговите очи за време на борбите.

Африм отишол во кампот за да го пронајде Алвин, а телевизиските камери ја снимија нивната средба. Но, од бирократски причини, властите во логорот не дозволија Африм да го одведе неговиот син назад во Италија.

Кон средината на минатиот месец, откако нивната средба беше објавена на телевизија нивната , Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина и италијанските и албанските власти го доведоа Алвин дома. Авин вчера се врати во Италија каде беше пречекан од татко му и сестрите на римскиот аеродром, а нивната емотивна средба беше тема во италијанските медиуми.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1