Малолетен мигрант заклал 22-годишна вработена во центар за азиланти


Александра Мезер (22) почина од здобиените повреди кои и ги нанеси 15-годишен азилант во бегалски центар во Шведска. Тинејџерот е уапсен под сомнение дека со нож ја нападнал девојката која била вработена во тоа прифатилиште. Покрената е истрага, но мотивот за убиството се уште не е познат.605F955157E9884184C70986D2AC03BA

Нападот се случил во понеделникот наутро на западниот брег на Шведска, а несреќната девојка веднаш е префрлена во болница, но лекарите не успеаја да и го спасат животот.

Инаку девојката во прифатилиштето работела неколку месеци.

Нејзиното семејство, кое е од Либан, вели дека Александра била како „ангел“.

Тоа е страшно. Таа беше девојка која сакаше да прави добро, да биде добра. И тогаш ја уби токму кога си ја работеше својата работа. Многу плачевме, Беше толку добра, топла и среќна. Виновни се шведските политичари што е мртва, велат роднините на настраданата девојка.

Портпаролот на полицијата Томас Фуксборг изјави дека напаѓачот бил сместен во центарот за млади азиланти без родители, на возраст меѓу 14 и 17 години, во местото Молндал, кај Гетеборг.

Нападот се случи во време кога шведскиот комесар за полиција Дан Елијасен побара да се зголеми бројот на полицајци за 4.100 како и помошен персонал за да се помогне во борбата против тероризмот, депортацијата на мигранти и одржување на центрите за азиланти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1