Вчера околу 11.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во ходник на училишниот кампус „Јахја Кемал“ бил нарушен јавниот ред и мир.
Според пијавеното помеѓу дваца малолетници на возраст од 15(од Скопје) и 17(од Куманово) години, дошло до физичка пресметка.
Во присуство на старатели, на двајцата малолетници им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.