Малолетник уби лихвар во Белград: Му должев пари и ме тортурираше


Богољуб С. (16) признал дека со еден истрел во главата го убил Никола Бабиќ (26). Тој се правдал дека Никола го малтретирал поради лихварски долгови и дека повеќе не бил во состојба тоа го трпи насилството.

Белградската полиција вчера го уапси Богољуб С. (16) под сомнение дека во саботата наутро во Церска улица во центарот на Белград со пиштол го убил мафијашот Никола Бабиќ (26).ubistvo-lihvar-640x366

Малолетникот во придружба на родител бил приведен во полициската станица, каде што го признал ужасното злосторство. Тој рекол дека Бабиќ постојано го малтретиран поради лихварски долгови и повеќе не можел да ја трпи психичката тортура. Околу 2:15 часот утрото, тој го чекал Бабиќ пред зградата каде што живеел со неговата девојка и му пришол одзади и испукал еден куршум во главата.

Кај него, за време на претресот, бил пронајден пиштол од мал калибар, со кој е сторено кривичното дело, како и помали количини на “СПИД”, марихуана и вага за прецизно мерење.

– Наводно, Богољуб му должел пари на Никола, а тој не можел да ги врати. Затоа овој го тепал и го понижувал. Малолетно лице не можел да го издржи притисокот и одлучил да го убие Бабиќ, објаснува изворот за српки Информер.

И убиецот и жртвата се поврзани со продажба на дрога, но првите резултати од истрагата велат дека тие не соработуваат во овој “бизнис”.

– Бидејќи и двајцата имале криминално досие за дрога, во прво време мислевме дека , исто така, мотивот се долг или пари. Но, се чини дека постои и нешто друго, што точно ќе утврди истрагата, додава извор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1