ТРАГЕДИЈА ВО БУТЕЛ: Едно лице загина, возачот се бори за живот


Едно лице загина, а едно се бори за живот- ова е билансот на стравичната сообраќајна несреќа која се случи вчера претпладне во населбата Бутелsoobrakjajk

Несреќата се случила во 10 часот и 5 минути на улицата „Александар Урдаревски“ наспроти бензинска пумпа „Супер Оил“ бр. 1 во која учествувало патничко моторно возило „нисан премира“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, кој изгубил контрола над возилото, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во бетонска ограда и метална капија.

Како последица од незгодата едно лице (совозачот) го загубило животот, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1