Двајца малолетници попладенево фрлиле солзавец во приватниот свтобус со број 45. Повредено е 16 годишно девојче, дознава Пресс24.
16 годишнниот Амир С и неговиот врсник Руфи Б., попладнево околу 18 часот фрлиле солзавец во приватниот автобус со број 45, дознава Пресс2 од извори во полицијата. Повредена е 16 годишната патничка Елдина Б.
Малолетниците го предизвикале инцидентот кога автобусот се наоѓал на улицата Благоја Стевковски спроти бензинската пумпа Макпетрол.
На повредената девијка и е укажана лекарска помош по што е пуштена на домашно лекување. Сторителите се приведени и се на распит во полициската станица Гази Баба.
Press 24