Двајца малолетници на возраст од 13 и 15 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 15 минути пред полноќ се случила на улицата Алија Авдовиќ во Сингелиќ.
Во несреќата, информира МВР, учествувале мотор и автомобил „голф“ кој го управувал 38-годишниот О.С. од Сингелиќ.
Петнаесет годишниот возач на моторот со скршеници на левата нога и десната рака и 13 годишниот сопатник со тешки повреди на главата итно биле пренесени во Ургентниот центар каде им е укажана лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е полициски увид и се преземаат мерки за нејзино целосно расчистување.