Запален и мачен човек, лекарите се борат за неговиот живот


Непознати лица синоќа во Земун запалиле еден човек, кого претходно го мачеле и му ги корнеле ноктите, пренесе белградски „Телеграф“.

Несреќниот човек рано утринава бил примен на Воено-медицинската академија (ВМА), каде лекарите се борат за неговиот живот.

Мачењето се случувало синоќа наспроти шопинг центарот „Метро“ во Земун.

Според информации на „Телеграф“, човекот е толку нагрден што не може да се препознае, и во моментов се наоѓа во шок соба на ВМА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1