Малолетници претепани од група од 20-тина лица кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје


Група од околу 20 непознати машки лица синоќа во 21.30 часот во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје ги нападнале Ш.Ш.(14) и неговиот братучед Ф.А.(14), двајцата од Скопје, кои биле во друштво на три девојчиња на возраст од 14-15 години.

Most Goce Delcev 0301Како што соопшти денеска МВР, на тинејџерите им пришло едно засега непознато машко лице кое по кратко време се вратило со група од околу 20-тина лица и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.

Двајцата нападнати со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Градската општа болница.

Трите девојчиња за време на насилството успеале да избегаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1