Малта е најмрзливата земја во светот, покажува глобално истражување на списанието “Лансет”.
Анализирајќи ги податоците на Светската здравствена организација (СЗО) од 122 земји во кои живеат 90 проценти од населението во светот, експертите утврдиле во која земја населението е физички најмалку активно.
Вознемирувачки е фактот што дури 31,1% од луѓето во земјите кои се вклучени во студијата а кои имаат над 15 години се физички неактивни, односно тие не ги исполнуваат минималните норми за физичка активност – 30 минути умерена интензивна физичка активност пет дена во неделата, или 20 минути интензивна физичка активност барем три пати седмично.
Иако физичката активност е намалена во последните децении, процентот на возрасните кои се неактивни, варира во зависност од регионите.
Во Малта дури 72 проценти од населението е неактивно, што ја прави оваа земја шампион во мрзеливост. Во топ 20 најмрзливи земји спаѓаат уште Свазиленд со 69 отсто неактивно население, Саудиска Арабија има 68,8 отсто неактивни граѓани , во Србија 68,3 проценти , во Аргентина 68,3 отсто, во Микронезија 66,3 проценти, во Обединетите Арапски Емирати 65,2 отсто, во Кувајт 64,5 проценти физички неактивно население. По нив следат Велика Британија, Малезија, Доминиканската Република, Турција, Италија, Ирска, Шпанија, Португалија.
Интерсен е фактот што Јапонија, земјата на напредокот и континуираната работа, има само 50 отсто физички активни граѓани.
Од друга страна пак, најголем процент на физички активно население има во Бангладеш, а исто така и Грција е на завидна позиција со мал процент на мрзеливи луѓе.