“Мамо, бато падна во реката” – двегодишно дете исчезна во водите на реката Треска


“Мамо,  бато падна во реката!”  .. ова го извикала сестрата на сега исчезнатиот  двегодишен Мелхин, кој синоќа околу 18 часот, падна и исчезна во водите на реката Треска. Настанот се случил кога детето си играло покрај раката во близина на Чичино Село. Според сведоците во еден момент тоа се сопнало, изгубило рамнотежа и паднало во реката.
treska
Токму на тоа место реката е побрза и подлабока од вообичаеното, а водата веднаш го завлекла. Итно е пријавено во полиција  и потрагата почнала. Набрзо се стемнило, а барањето продолжило утрово. Мајката низ солзи раскажува за тоа што се случило….
Мештаните раскажуваат дека вакви несреќи се случувале и порано. Велат дека брзите води на Треска во тој предел, многу брзо ги носат оние кои паднале во неа.
Потрагата на полицијата и спасувачките тимови продолжува. Се пребарува течението на реката Вардар, бидејќи она на Треска е веќе “прочешлано” но за малиот Мелхин не бил пронајден.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1