Денес 30 степени


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во југоисточните делови ќе има поизразена нестабилност со обилен пороен дожд каде се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен.mk skopje vodno sonce22

Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена нестабилна облачност со краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а во недела следува период на стабилно и суво време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1