Страшна сообраќајка во Аеродром – со колите влетале во градежна дупка – 3 повредени


Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот Србија во Скопје,  во близина на бензинската пумпа на МАКОИЛ.

ФОТО: Репортер.мк

ФОТО: Репортер.мк

При несреќата, двете возила, голф и опел корса, излетале од патот и влетале во огромна дупка која поради гражните зафати што се одвиваат во близина не е покриена.

Од СВР Скопје за Плусинфо потврдиле дека има тројца повредени, еден потешко, кој бил примен во Ургентниот центар, а другите двајца се примени во Специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1