Ципрас си поднесе оставка!


Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20 септември.

Во телевизико обраќање, Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат.cipras

Ципрас вечерва му ја предаде својата оставка на претседателот Прокопис Павлопулос, по телевизиското обраќање во кое од Грците побара да му дадат чист мандат на претстојните избори.

– Актуелниот Парламент не може да понуди мнозинска влада или влада на национално единство, му рече Ципрас на Павлопулос.

Премиерот побара од претседателот да иницира постапка за предвремени избори и да се формира привремена влада.

Лидерот на опозициската Нова демократија Вангелис Мимаракис ќе одржи прес конференција по обраќањето на Ципрас. Изјави ќе дадат и лидерите на Потами и ПАСОК Ставрос Теодоракис и Фофи Генимата.

Лидерот на Независни Грци, министерот за одбрана Панос Каменос, претходно најави дека на изборите неговата партија ќе настапи самостојно

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1