Манекенка го убила 6 год син па себе: Се плашела дека богатиот сопруг ќе ја остави (Фото)


Манекенката Елиза Колоџиеј го задушила својот 6-годишен син со перница, а потоа и самата си пресудила, бидејќи била убедена дека нејзиниот богат сопруг ќе ја остави.

manekenka

Телата на 27-годишната манекенка и нејзиниот син ги пронашол сопругот Себастиен Колоџиеј во нивната куќа во Полска. Пријателите и соседите се шокирани, опишувајќи ги како совршено семејство од бајките.

Откако го задушила синот со перница, Елиза земала нож од кујната и се забодела во срце. Некогаш била модел, а дипломирала на престижниот универзитет Козмински. Фотографиите кои ги објавувала на својот Фејсбук профил прикажувале среќни моменти со синот.

„Беше висока, прекрасна и љубезна. Тој пак е успешен и богат, а нивниот син беше безгрижно дете со многу пријатели”, изјавил еден од соседите.

Било познато дека Елиза пати од депресија и дека почнала да посетува психијатар откако станала опседната со мислите дека нејзиниот сопруг ќе ја остави.

„Имаше богат сопруг и се плашеше дека ќе ја остави. Престана да излегува. Се затвори дома и не можеше да ја поднесе ситуацијата”, изјавил семеен пријател.

Истрагата на полицијата се уште трае.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1