Mанекенка се бори со многу редок рак – нејзината одлучност е за восхит (Фото)


Овој облик на рак обично се дијагностицира кај жените во менопауза, но Ели има само 25 години.

-Толку пати ми рекоа дека тоа е само циста, меѓутоа јас потсвесно знаев дека нешто не е во ред,изјавила Ели за CTV.

manekenkaa1-630x389Во процесот на лечење ги изгубила и килограмите по кои беше позната, но тоа не ја спречило да продолжи со својата работа.

-Сè е во долгата коса, големите гради и позите кои ќе ги направите. Важно е да покажете како вистинската жена изгледа под облеката. Тогаш размислував дали да престанам да се занимавам со манекенство или да продолжам со животот и да бидам личност каква што сум и како што сум одгледана, додава таа.

Во периодот кога ѝ го дијагностицирале ракот, Ели правела планови за преселување во Њујорк и продолжување на кариерата во големиот град.

manekenkaa2-630x544Дизајнерката чијашто долна облека ја рекламирала Ели, предложила таа да се фотографира без перика. Токму тие фотографии го освоија светот.

-Никогаш не знаеш колку си силен, додека силата на твојот карактер не биде единственото што ти преостанува“ – изјавила Ели после третата хемотерапија.

На својата Фејсбук страница, која ја следат околу 80.000 луѓе, Ели редовно објавува фотографии од рекламните кампањи во кои и понатаму учествува и секогаш со коментари полни оптимизам. Фотографиите кои се потпишани од Aparte Photography ја покажуваат Ели како преубава млада жена, полна со живот, со боксерски ракавици кои ја симболизираат идејата дека борбата нема да престане.

Погледнете ги фотографиите…

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1