Моделот од Летонија, Лаура Пахомова (23), се самоубила, скокајќи од хотел во Манчестер, а истрагата две години по нејзиното самоубиство утврдила дека манекенката се одлучила на тоа кога нејзиното поранешно момче Мартин Рили им открил на нејзините родители дека таа работи и како ескорт дама.
Во пораката која ја оставила за семејството напишала „вие заслужувате подобра ќерка“. На крајот на септември 2012 година Лаура Пахомова скокнала од хотел во Манчестер.
Нејзиниот татко, кој верувал дека таа вредно студира, ја добил нејзината проштална порака во која пишувало „Вие заслужувате подобра ќерка“, а која била напишана непосредно пред скокот од хотелот во Манчестер.
Во пораката која ја оставила за својот татко јасно го обвинува момчето и им се извинува на членовите на семејството.
„Ве молам простете ми. Многу ве сакам. Го изгубив умот. Во моментот кога не знаев што да правам направив толку грешки, но знам дека вие ќе бидете добро. Претходно бев исплашена, но не повеќе. Се е моја вина. Ништо не може да ја спаси мојата душа. Внимавајте на себе, а ќе внимавам, и јас на вас“, пишува во пораката која ја напишала.
Лаура на своето момче му се заканувала дека ќе се убие доколку открие што прави. Затоа тој прв бил приведен како осомничен откако таа се убила, но немало доволно докази за да биде осуден. Тој и пртеходно бил осудуван поради вознемирување на девојки. Претходно, исто така бил во врска со една ескорт дама, а подоцна и се заканувал и на крај контактирал со нејзиото семејство и им открил се.
Лаура Пахомова дошла во Велика Британија во 2008 година. Почнала да работи во фабрика и како модел. Мартин го запознала во 2011 година, додека работела како ескорт дама.
Кога Лаура повеќе не сакала да се гледа со Мартин, тој почнал да и се заканува дека ќе им каже на нејзините родители со што се занимава таа. Направил лажен профил на интернет за повторно да се најде со неа, но таа избегала кога го видела. Затоа пратил имејл на нејзините родители каде им објаснил се.
Потоа семејството ја добило прошталната порака, на која нејзиниот татко и рекол да дојде дома, на што таа му одговорила „вие на заслужувате таква ќерка“.
Излегла на терасата од својот апартман и скокнала. Нејзините пријатели велат дека Мартин ја прогонувал, а дека Лаура инаку била чувствителна девојка.