Манекенка умира поради солариум – и кажале дека има уште неколку недели живот


Debienekad2

Некогашната британска манекенка Деби Гибсон, денес има 42 години и умира од рак и преостануваат уште неколку недели живот, нема едно око, а на другото е слепа!

А за сето ова е виновен- солариумот.

Поранешната манекенка денес е мајка на девојче, кое не може да се помири со фактот дека нејзината мајка умира од најтешката болест, предизвикана од вештачко сончање.

Иако со сончањето оделе и очила, Деби никогаш не ги користела, бидејќи ќе и останале црти и ќе се гледала разлика во тенот, а поради својата работи и честите фотографии не го сакала тоа.

Debienekad1Токму поради тоа Деби добила редок вид на рак на очи. Лекарите и го извадиле едното око, а на другото е слепа. Бидејќи ракот се проширил по целото тело, на оваа жена и остануваат само уште неколку недели живот.

Поради тоа Деби отворено проговорила за штетноста од солариумот бидејќи сака да ги предупреди младите девојки.

– Кога ќе умрам, мојата ќерка ќе остане без мене. Таа знае дека мама ќе оди во рајот, бидејќи има страшна болест која се вика рак и која ќе ја убие, вели Деби.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1