Наши манекенки кои заминуваат на работа во Дубаи и Катар заработуваат како ескорд дами или куртизани за богатите шеици. Нашинец кој неодамна се врати од патување во Дубаи , за Либертас вели дека се сретнал со многу скопјанки кои преку агеннции за посредување за работа заминале на печалба во овие богати земји.
Тој вели дека се изненадил кога една наша манекенка дошла во хотелот во кој престојувал облечена во скапа брендирана гардероба и возела мерцедес кабриолет.Таа во доверба му рекла дека дошла да работи како модел,но кога и понудиле да биде куртизана за голема сума пари веднаш прифатила. Манекенката потоа му раскажала дека многу македонки кои дошле во Дубаи заработувале многу како ескорд дами,но најмногу заработувале оние кои парадирале во луксузните хотели во Катар. Девојките биле платени од час или биле најмувани за цела вечер.
-“Многу се изненадив кога видов како мојата пријателка живее на висока нога.Во Скопје немаше пари пијачките да си ги плати,а таму бога ми добро се нафатирала.Шеиците сакале бели жени и давале многу пари за нивните услуги“,вели нашиот соговорник.