Моделот Бенџамин Мелцер (29) е избран на кастинг во Германија за насловната страница на еден популарен машки магазин. Зошто ова бил историски момент? Затоа што порано бил девојка!
– Манекенство, позирање пред камери, тоа е за мене! За мене тоа е работа. Јас тоа едноставно го обожувам. Не ми е гајле ако трае цел ден и ако е многу напорно, ако некаде се смрзнувам. Јас тоа го сакам најмногу од се – тврди Бенџамин.
Тој стана прва трансорова личност која се најде на насловната страница на магазинот „Менс хелт“ (Men’s health).
– Уште како дете се угледував на лицата од насловниците страници на мгаизните како што се „Менс хелт“ и „Џи Кју“. Тоа се мускулести мажи со згодни тела и одлична градба – наведува тој, додавајќи дека отсекогаш мислел дека тоа за него како девојка е недостижно.
На 24-годишна возраст започнал терапија која била подготвка за промена на полот. Со напорно вежбање во теретана и посебен режим на исхрана, по операцијата успеал да го доведе својот изглед до совршенство. На прв поглед никогаш не би се рекло дека ова момче некогаш било девојка.
Како што и самиот кажува, Бенџамин не го крие своето минато туку отоврено зборува за тоа со сите љубопитни.
– Во мојата теретана работи една девојка, тренер. Еден ден ме праша што ми се случило со раката – вели Бенџамин кој на едната рака има лузна на местото од каде што му бил земен дел од кожата за операција.
– Некогаш посакувам на луѓето да им кажам: „Што ви е гајле“, но само на неа посакав да и раскажам се. Нејзината реакција беше шокирачка, а денес е горда на мене.