Манијак нападнал солистка од МОБ во Охрид – го претепала и пријавила во полиција


Манијак утрово околу 3 часот ја нападнал 35 годишната Зорица Иваноска пред учителската зграда во Охрид.

Насилникот кој според жртвата имал околу 20 години најпрво почнал да ја удира Иваноска по главата, на што таа возвратила и почнала да го мава со клоци и боксови, јавува Охрид1.

zore– Додека го отклучував влезот во зградата почувствував дека некој доаѓа зад мене. Се свртев и видов како ми приоѓа младо момче. Ми се нафрли , на што јас му возвратив со шамари и клоци. Потоа и тој почна да ме мава по главата и настана буквално тепачка. Во еден момент почнав да вриштам и да го мавам, по што тој побегна – раскажа за Охрид 1 Иваноска и додава дека истото момче ја нападнало и пред две седмици само што тоа траело кратко и веднаш побегнал.

Потоа Иваноска повикала полиција, која веднаш дошла, ја сослушала и заедно со неа направиле обиколка на околните улици но од насилникот немало ни трага ни глас.

Зораица Иваноска е охриѓанка, вработена во Македонска Опера и балет, а во Охрид била на одмор.

Полицијата го истражува случајот.

Извор – Охрид1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1