ВНИМАВАЈТЕ: Врие од медузи во морето во Грција


Британците кои како туристи летуваат во Грција, беа предупредени на опасноста да бидат нападнати од медузи во морската вода, од страна на британскиот Форин Офис.

u51086-67203meduzashowПортпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека оваа година има „невообичаено многу“ медузи во морето, па им препорача на британските туристи да бидат внимателни при капењето.

Грчките власти ги отфрлаат како претерани предупредувањата на Форин Офисот, додека еден грчки биолог за лондонските медиуми изјави дека оваа година „нема повеќе медузи од обично“. Тој твди дека медузите во морската вода не се опасни, бидејќи не касаат.

Наезда на медузи има и во другите реони на Медитеранот, а посебно во крајбрежните води на Франција и Италија.

Британските власти објаснуваат дека сакаат само да ги заштитат своите туристи, откако утврдиле дека медузи има во сите делови на Грција и на Медитеранот, каде обично летуваат Британците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1