Мапа на вчерашните скопски потреси – 9 пати се тресело Скопје


Девет земјотреси го погодија Скопје вчера, почнувајќи од утрината во 6.58 часот, а најсилниот се случи во 15.10 часот со јачина од 5,2 степени. Последниот потрес беше регистриран во 20.57 часотzemjotres-skopsko

20.57 – 2,1 степени
16.07 – 2,6 степени
15.30 – 2,1 степен
15.19 – 2,8 степени
15.14 – 2,9 степени
15.10 – 5,2 степени
07.00 – 2,8 степени
06.58 – 4,2 степени

http://quakes.globalincidentmap.com/

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), денеска во Скопје и околината се регистрирани девет потрес, а најсилниот, според бил во 15.10 часот со јачина од 5,2 степени.

Првиот земјотрес е регистриран во 6.58 часот со јачина од 4,2 степени, а потоа следуваат потресите во 7.00 од 2,8 степени, па оној во 15.10 часот. По овој најсилен потрес, регистрирани се серија послаби земјотреси, кои се почувствувани во Скопје.

Во 15.14 часот имало земјотрес со јачина од 2,9 степени, пет минути подоцна, во 15.19 часот од 2,8 степени, потоа во 15.30 часот со 2,1 степен.

Според информациите на ЕМСЦ, по овој следувале уште три земјотреси и тоа во 16.07 часот со јачина од 2,6 степени, па во 16.45 часот со 2,4 степени и вечерва во 20.57 часот со 2,1 степен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1