Марадона ограбен од екс-сопругата и ќерката


Љубовта е едно, парите сосема друго. Тоа најдобро го почуствува еден од најголемите фудбалери на сите времиња Диего Марадона кој преку аргентинските медиуми упати обвинение кон поранешната сопруга и една од неговите ќерки за финансиска измама тешка точно 3,8 милиони евра.
Легендарниот фудбалер тврди дека неговата поранешна партнерка Клаудија, ја извлекла сумата од неговата сметка во периодот меѓу 2000 и 2015 година, кога таа била одговорна за неговите финансии, а неговата ќерка Џанина наводно и помогнала да ја оствари целта.

Џанина е поранешна сопруга на Серхио Агуеро, а адвокатот на Марадона тврди дека тој нема да и прости ако навистина учествувала во измамата за која тој веќе ја информирал полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1